Радио Милева

Српската манекенка од карантин во Италија порача: „Зошто сте говеда без совест, останете дома и сочувајте нечиј живот““

Српската манекенка од карантин во Италија порача: „Зошто сте говеда без совест, останете дома и сочувајте нечиј живот““

Манекенката и моделот Јована Швоња која се омажи за фудбалерот Филип Ѓорѓевиќ објави на Твитер дека е во Италија и дека уште долго време нема да ги види своите деца поради короновирусот, па им порача на луѓето да останат во своите домови.

„Децата не ги видов од 1ви март (јас сум во Италија, а децата се во Србија), а нема да ги видам уште две недели. Можев да дојдам пет пати досега, но не сакав да загрозувам ничија безбедност иако од станот не излегував, не постои можност да сам се заразила, но не сакав да ризикувам. Значи, доброволно сум во карантин. Не можем да ја разберам човековата глупост и безобразност да не се придржуваат до превентивните мерки и да се шетаат низ град и можеби го пренесуваат вирусот бидејќи вирусот ништо не им може. И да немате родители, баби, дедовци, сестри, браќа и пријатели за кои се грижите тоа не ве оправдува што сте говеда и без грижа на совест. Останете дома и така сочувајте нечиј живот“ напиша манекенката на Твитер.

За потсетување, во Србија е прогласена вонредна состојба поради короната.

To top