Радио Милева
згодна мајка

Српската манекенка Дејана Живковиќ излезе од породилиште и ги шокираше сите со својот изглед (Фото)

Српската манекенка Дејана Живковиќ излезе од породилиште и ги шокираше сите со својот изглед (Фото)

Српската манекенка Дејана Живковиќ излегла од породилиштето со бебето, а по нив дошол нејзиниот сопруг Филип Симовиќ.

Дејана ги шокираше сите со својот изглед, со оглед на тоа дека изгледа како да се симнала од модната писта, а не како штотуку да се породила.

Од сопругот добила огромен букет рози, а од возбуда не ја тргала насмевката од лицето.

Манекенката веќе некое време е во среќен брак со Филип Симовиќ,тој дошол и во породилиштето да ги земе сопругата и синот кој го крстиле Лео.

Среќниот пар кој доби син без голема медиумска помпа ја направи свадбата во општината, а по тој повод приреди и интимен ручек за најтесниот круг на луѓе.

Фото:Принтскрин/АТАимиџес

 

Останати вести од Радио Милева