Српската манекенка Бојана Рајиќ и поранешна сопруга на Владимир Стојковиќ, поради бракот, а потоа и разводот, со голманот, со години е една од главните теми во јавноста. Но, по скандалот кој изби поради пропаѓањето на бракот со фудбалерот, таа се повлече од медиумите. Сепак, во последно време таа е повторно активна на социјалните мрежи.
Таа се посвети на новиот сопруг и децата, а понекогаш објавува разголени фотографии на Инстаграм, кои предизвикуваат вистински ентузијазам за нејзиниот неодолив изглед во петтата деценија.
Имено, Бојана предизвика бројни реакции со фотографиите од летниот одмор, а никој не остана рамнодушен на нејзината витка линија и долгите нозе.
Инаку, Бојана, која најпрвин се занимаваше со манекенство, а потоа и со дизајнирање облека, во 2009 година се омажи за Владимир, со кого две години подоцна го доби синот Лео. Сепак, во 2013 година следеше развод, по што следеа бројни шпекулации.
Фото: Принтскрин/Инатаграм/bojanarajic