Како што пренесуваат српските медиуми, менаџерот Бане Обрадовиќ е позитивен на коронавирус и се наоѓа во болница во Србија.
Според пишувањата, неговата здравствена состојба е стабилна. Откако имал висока температура тој е тестиран на корона, а по воспалението на белите дробови бил сместен на оделението за пулмологија.
Неговиот среден син се наоѓа на Саем и се чувствува добро. Тој ги чека резултатите од тестот, а потоа ќе продолжи со домашно лекување. Најстариот наследник на постариот менаџер е во изолација во неговиот стан и ги чека резултатите.
Сопругата на Бане, Јована и нивниот најмал син се добро и се заблагодаруваат на сите што се грижат.
„Бане е во болница и неговата здравствена состојба е стабилна. Сакам да се заблагодарам на медицинските лица на Клиничкиот Центар Србија, на одделението за пулмологија кои вложија напори Бане да се чувствува подобро. Исто така сакам да се заблагодарам на сите пријатели, семејството и кумовите кои овие денови се грижат и помагаат да Бане излезе како победник од оваа ситуација. Исто така сакам да се заблогадарам на медиумите и да ги замолам да ја почитуваат приватноста на семејството“ изјави Јована за еден српски медиум.
Познато е дека Бане соработува со Ана Бекута, Снежана Ѓуришиќ, Зорица Брунцлик и многу други, а исто така е кум на Жељко Јоксимовиќ.