Црногорското приморје за време на летниот период е главна атракција не само за одмори, туку и за ноќен живот каде што во познатите дискотеки настапуваа големи естрадни ѕвезди како што се Цеца Ражнатовиќ, учесници во „Ѕвездите на Гранд“, Саша и Дејан Матиќ, Драгана Мирковиќ, Дара Бубамара…
Меѓутоа, поради пандемијата со коронавирусот по две децении ова ќе биде прва сезона која ќе помине без музичари од Србија бидејќи како и на останатите српски државјани им е забранет влез во Црна Гора.
Извор за ало.рс вели дека поголемиот дел од естрадата е во проблем поради недостаток на пари и губењето на летната сезона ќе им ја отежни работата.
„Мал број на познати може да каже дека имаат заштеда, а дури ни тие нема да можат да ја издржат оваа ситуација. Најмногу губат оние кои најмногу заработуваа, како што се Цеца, Лукас и Матиќ, а оние кои земаат мали хонорари почнаа да настапуваат по клубови во Србија. Ако се изгуби летната сезона на црногорското приморје, штетата ќе биде голема.“, вели соговорник за ало.рс кој е познат манаџер.
„На пример, Цеца за еден настап земаше 25 000 евра, а вообичаено имаше од 7 до 10 тезги во текот на летото. Значи, оваа година ќе изгуби 200 000 евра. Тука некаде е и Саша Матиќ кој губи 150 000 евра. Колку што знам и Дара Бубамара често доаѓаше да пее на црногорското приморје, но таа заработуваше околу 50 000 евра по сезона“, додава изворот.