Радио Милева шок мерка

Српската естрада „исчуре“: Заради ширење на коронавирусот Црна Гора ги затвори ноќните клубови… настапите се откажаа, тезгите им пропаднаа

Српската естрада „исчуре“: Заради ширење на коронавирусот Црна Гора ги затвори ноќните клубови… настапите се откажаа, тезгите им пропаднаа

Министерството за здравство на Црна Гора донесе одлука да ги затвори дискотеките и ноќните клубови од 23 јули до 2 август поради ширење на пандемијата на корона вирусот, што значи дека се откажани и сите веќе закажани концерти и ноќни настапи на српските и регионалните  ѕвезди на црногорското крајбрежје.

Корона пандемијата особено ја погоди естрадната фела, која не можеше да настапува речиси една година, а кога мерките се олабавија, тие летово најмногу ги закажуваа своите настапи ширум Србија, но и во странство, а најмногу од нив се потпираа  на летната сезона во Црна Гора.

Саша Ковачевиќ, Сенида, Аца Лукас, Маја Беровиќ, Александра Пријовиќ, Дара Бубамара, „Хурикејн“, Едита, Сандра Африка, Ѓани, Тропико бенд, Сека Алескиќ, Ацо Пејовиќ, Дарко Лазиќ, Слоба Радановиќ… и многу други естрадни ѕвезди останаа без стотици илјадници евра поради новите мерки на црногорската влада.

Инаку, како што пренесува „Вијести“, по 2-ри август 2021 година, престојот во внатрешноста на угостителските објекти нема да биде дозволен.

Фото: Promo, Printscreen, ATA Images, Kurir Televizija, Dragana Udovičić

To top