Многумина се сеќаваат на регионалниот музички натпревар „Операција триумф“, а Милица Мајсторовиќ во последните години немавме прилика да ја гледаме во јавност, додека за нејзиниот бурен живот и тоа како се пишуваше во медиумите.
Таа го привлече вниманието преку овој музички натпревар, а иако не стигна до финале, беше доста присутна на сцената. Во еден момент се повлече и порача:
-Пораснав, не сум веќе она дете кое настапуваше во „Операција триумф“, кое не знаеше каде е и што го снашло. Во меѓувреме во 2013 година се запишав на Академијата за уметност и дипломирав глума – кажа таа во едно интервју за магазинот „Глорија“.
Пред неколку години во јавноста одекна веста дека се обидела да се самоубие со предозирање од лекови, што таа јавно негираше. Наведе дека само повќе се напила и родителите ја нашле на подот од купатилото и ја однеле во болница.
Медиумите тогаш ја пренесоа и нејзината проштална порака која гласи:
-Заминав јас, а каде? Не знам ни јас. Само ќе заминам, а патот сам ќе се создаде. Добра ноќ свирачи, добра ноќ на сите, до некое друго видување, напиша тогаш.
Се пишуваше и дека косата и опаднала поради преголемиот стрес кој секојдневно го има, а тогаш во една емисија изјави дека медиумите ја „изеле“ и дека им „пружа премногу задоволство“.
Се префрли на актерството и имаше мала, но забележителна улога во серијата “Nemanjići – rađanje kraljevine“.
Инаку, Милица истакнува дека сака исклучиво да се занимава со актерство и на тоа е посветена. За време на музичкиот натпревар ја поврзуваа со Ѓорѓе Милјеновиќ кој е попознат како Скај Виклер, а се пишуваше и за нејзината кратка врска со спортистот Иван Ленѓер.
.