Семејството Кардашијан е навистина едно од оние семејства за кои сигурно сите слушнале. Тоа е семејство од пет сестри, од кои четири уживаат во мајчинството.
Во последно време се пишува дека семејството ќе се прошири за уште еден член и дека Клои Кардашијан е бремена со друго дете.
Според пишувањата на National Enquirer, Клои се обидува да ја сокрие својата бременоста од јавноста, па дури и од членовите на семејството бидејќи на никој не верува.
View this post on Instagram
Иако не е откриено со кого чека уште едно дете, многумина веруваат дека станува збор за нејзиниот поранешен партнер Тристан Томпсон, од кого се разведе поради неверство.
„Таа среќните вести ги крие дури и од членовите на семејство. Не верува во никој, особено не во нејзините сестри и нејзината мајка Крис кои се објавуваат на социјалните мрежи“, вели извор близок на ТВ ѕвездата.
View this post on Instagram
Како што тврди соговорникот, таа се уште не е подготвена да ги соопшти радосните вести.
Оваа информација се појави откако фановите преку Инстаграм започнаа да шпекулираат дека Клои е бремена. Инаку, 36-годишната девојка со Тристан има двегодишна ќерка Тру.