Радио Милева

Среќа што е жив: Осамна страшна снимка од сообраќајката на Џорџ Клуни (ВИДЕО)

Среќа што е жив: Осамна страшна снимка од сообраќајката на Џорџ Клуни (ВИДЕО)

Веста дека познатиот актер Џорџ Клуни доживеал сообраќајна несреќа го потресе целиот свет.

Познатиот актер веднаш бил префрлен во болница, а странските медиуми пренесоа дека е во добра здравствена состојба, но сепак деталите останаа непознати за јавноста.

Клуни престојуваше во Сардинија со сопругата Амал и тоа поради новиот проект на кој моментално работи.

И додека вознемирените фанови чекаат новости за неговото закрепнување, во јавноста се појави снимка на која се гледа како актерот со моторот удира во камион.

Возачот на камионот му помогнал додека дојде брзата помош. Ова е страшната снимка која денес осамна на сите медиуми.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=41&v=C_lFnfFgFnQ

To top