Дефинитивно нема поголем и поубав подарок или честитка за една жена од креативната изработката на малите, вешти рачиња, кои се потрудиле со голема љубов да ја создадат сами.
Денот на жената како и секогаш беше исполнет со многу насмевки, а на профилите познатите Македонки на „Инстаграм“ ги споделија рачно изработените честитки од нивните најмили.
Се разбира, вештите прстиња создале прекрасни изработки кои нивните горди мајки со големо задоволство и ги претставија и на Инстаграм заедницата.
Пејачката Тамара Тодевска сподели фотографија на нејзините кратки приказни две прекрасни честитки изработени од нејзината ќеркичка Хана и синот Дарен.
Пејачката, модел и екс мисица, Кристина Димитри сподели емотивна фотографија од подароците кои ги добила од нејзиното синче Давид.
„Рачињата мајкини ме разбудија со подароци“ – стоеше пак во објавата која ја напиша таа за изненадувањето што го добила од малиот Давид.
И Пејачката и докторка Симона Поповска го доби најубавиот подарок од поголемото синче Никола.
„Најубавиот и најемотивниот 8 ми Март“ – напишаа таа на нејзиното „стори“, откако ја сподели рачно изработената честитка до која имаше и прекрасна црвена ружа.
Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова се пофали колку се вредни и креативнинејзините дечиња.
Па, убавата струмичанка објави кратко видео од честитка и рачно изработени цвечиња од рацете на нејзините најмили, двете ќеркички Емили и Селена.
Атрактивната ТВ водителка на Канал 5, Милена Антовска сподели фотографија од нејзината ќеркичка Лана Марија.
Додека пак во објавата пишуваше: Лана Марија и мама држат срце – надополнето со емотикони од црвени срциња.
Фото: Социјални мрежи/ Инстаграм и Фејсбук принтскрин