Никола Роквиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија од детството и по тој повод ја сумираше својата музичка кариера, но и допре до поединци и нивната популарност.
Никола Роквиќ е на јавната сцена уште од мал, а сето тоа благодарение на неговиот покоен татко, познатиот пејач Маринко Роквиќ.
Никола овој пат на неговиот профил објави црно-бела фотографија од детството, на која се тој, татко му и мајка му и по тој повод даде своја анализа низ што поминал.
– На сцената од мал. Многу ми помогна во работата што ја работам да го набљудувам татко ми и неговата околина, колегите, музичарите, новинарите, текстописците и сите луѓе кои ја сочинуваат сцената… – започна Никола, а потоа додаде:
– Па кога сам ја згазнав ништо не ми беше туѓо, но и ништо сензационално… Фала му на Бога, тоа ме спаси да не бидам маѓепсан од тоа, особено во моите млади години кога ја доживеав популарноста, па верувам дека останав присебен и нормален!
View this post on Instagram
Никола заклучил дека популарноста не е за секого, и дека би сакал многумина да не ја постигнале.
– Популарноста не е за секого, добро е ако знаеме како да се справиме со неа… Добар инструмент да влијаеме на луѓето и да го промениме светот на подобро, колку што можеме. Имаме и многу примери колку луѓе уништила. Често велам среќа е некои никогаш да не станеа популарни, можеби ќе останеа нормални и здрави луѓе – заклучи Роквиќ.
Фото: Принтскрин/Инстаграм