Радио Милева
зимска „жештина“...

Среде зима им е жешко, па се (под)разголија и… Мелита доби „непристоен предлог“, а Ирена е навикната да гушка „рунтаво“! (ФОТО)

Среде зима им е жешко, па се (под)разголија и… Мелита доби „непристоен предлог“, а Ирена е навикната да гушка „рунтаво“! (ФОТО)

Зима, зима, епа што… Ако е зима не е лав, важно да си здрав и прав… А каква е оваа зима, која повеќе наликува на есен, на која ако се надоградат стандардните вируси на веќе постоечкото зло на 21-виот век – Ковид 19, излегува дека дефинитивно е најдобро да се остане меѓу 4 ѕида. Дома или во нечиј друг дом, важно да си на сигурно и топло.

Но, не доволно само да си на топло, ако си осамен и ти е здодевно, па незнаеш што да правиш со себе. Затоа социјалните мрежи секогаш се тука како најверни пријателки на новото време, па во „новото нормално“, најнормално е да споделиш на нив мислење, коментар, да си направиш со некого муабет, да му лајакнеш фотографија или и самиот да ја споделиш сопствената.

Што попровокативна и попредизвикувачка, се  разбира толку попримамлива и попривлечна за оние, заради кои си ја споделил.

Токму такви се најчесто оние на повеќето јавни и естрадни личности од понежниот пол, зашто расните убавици можеби немаат секогаш што да кажат, но затоа секогаш имаат што да покажат! И да ги залепат „влажните погледи“ на нивните следбеници за нивните „скокотливи“ фотографии… Во различнни пози, но со иста цел – да се биде виден, коментиран, а со тоа присутен во видокругот и мислите на својата публика. Од инфлуенсерски, естрадни, уметнички… или едноставно, онака, само од лични причини!

Две македонски убавици, обете јавни фаци, познати и популарни, секоја на свој начин и во својата област, споделија токму такви, нови фотографии на своите профили на социјалните мрежи. Среде зима им е жешко па се (под)разголија!

Мелита Ракичевиќ, денес најпознатата македонска трендсетерка и некогашна ТВ водителка, не ретко сме имале можност да ја видиме разголена, во слободни пози. Мелита и овој пат покажа „еротска естетика“, доволно умерена за да не биде протолкувана како вулгарна и доволно провокативна за да добие коментари со… „непристоен предлог“!

Од: „Симпатично секси маченце“ до оној: „Сакате ли да Ви бидам столче за одмарање на нозете во хулахопки Мис Мелита?

Одговор од сексапилната трендсетерка нема, а и не треба да има, зашто фотографијата на Мелита само по себе, „грее и во зима“!

На фолкерката Ирена Спасовска разголувањето исто така не и е непознато… Особено во последно време, откако „официјално“ остана соло! Малку, малку, па ќе осамне понекоја нејзина „скокотлива“  фотографија или цел серијал, на кој доминира еротиката. Само како поддршка на музиката на фолкерката или заради некакви други лични побуди, кога во неа одненадеж нешто ќе се разбуди, само фолкерката знае. Како и да е, едно е сигурно: Пејачката никогаш не претерала во разголувањето. Ама затоа не може без гушкањето… И тоа Ирена Спасовска најчесто е навикната да гушка… „рунтаво“!

Како голем љубител на животните, од оние дивите, како на пример лемурите… Па се’ до домашните миленичиња, како нејзината влакнеста пудлица.

И таа и нејзината фотографка Karolina Di Photography  тоа брзо го сфатија, па навиката Ирена да гушка рунтаво, ја подесија и за на фотосесија.

А на најновата фотографија Ирена со „бушаво и влакнесто“ перниче в раце „фатена во кадар“ на дело, како го затскрива најскокотливото на своето разголено тело!

Фото:Инстаграм и Фејсбук принтскрин

 

 

Останати вести од Радио Милева