Маца Дискреција како и повеќето јавни личности времето го поминува во четири ѕида поради вонредната состојба која е прогласена заради коронавирусот.
Сепак, Маца не се грижи многу за својата егзистенција и како што истакна во едно од нејзините видеа на „Јутуб“ – нејзиниот бизнис не трпи.
Меѓутоа, Дискреција го искористи убавото и топло време за да излезе на прошетка, а за оваа прилика одбра несекојдневна комбинација.
Имено, таа одбра црвен краток фустан со длабоко деколте кој го комбинираше со шарени патики.

Со фотографија таа предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. „Гориш Мацо“, „Со Мацка маките се слатки“, „Бомба“ се само некои од коментарите.