Советот на општина Аеродром на синоќешната седница (09.11.2021 г.) одлучи спортскиот центар во „Ново Лисиче“ да го носи името на прерано починатиот млад ракометар Марко Божиновски. Во објектот познат како „Дупка“ многумина сегашни но и идни спортски ѕвезди ги имаат направено првите чекори.
Марко Божиновски кој пред 6 месеци ненадејно почина на само 20 години во сон играше за РК Бутел, беше огромен фан на МЗТ Скопје, како и дел од македонската ракометна кадетска репрезентација со која настапи на СП во 2019 година, а играше и за младинскиот национален тим.
Поради тоа, членовите на општинскиот совет на општина Аеродром одлучја да направат нешто, со кое тој ќе остане вечно запаметен и никогаш нема да биде заборавен.