Пред неколку дена познатата ТВводителка Лила Филиповска беше главна тема во медиумите со изгледот кој го имаше на роденденот кај Боки 13.
За фустанот од црна тантела под кој имаше танга се зборуваше многу, но Лила по објавата која вчеравечер ја постави на Инстаграм, направи веќе да се заборави на тоа.
Имено, како инфлуенсерка на социјалната мрежа, таа постојано им предложува брендови на своите следбеници, а овој пат тоа беше новиот парфем на Жан Пол Готје чија амбалажа има впечатливи голи женски нозе.
За да направи што подобра промоција на истиот, Лила се најде во истата поза на својата домашна софа ама овој пат без гачички.
Голем број и поласкаа, но имаше и такви кои напишаа дека ова е премногу за неа.
Вака или така, таа си го направи посакувано, свесна дека денес повторнно ќе биде тема во медиумите.