Ова детенце денес е летечкиот Македонец, трикратен европски шампион и еден од нашите амбасадори по кои Македонија е добро позната. За него редовно се пишува во медиумите, особено неодамна кога пo третпат овои уште една европска титла.
Станува збор за нашиот најуспешен автомобилист на сите времиња, Игор Стефановски-Иџе. Тој е активен на социјалните мрежи, а овој пат сподели спомен стар 34 години и покажа какво детенце бил.
Иџе е роден и израснат на Водно, а токму покрај неговата куќа поминувала и сѐ уште поминува најпопуларната автомобилска тркачка патека во Македонија, која според многумина е и колевката на автомобилизмот кај нас.
– Мојата желба беше да бидам тркач и ништо друго. Љубовта кон трките е сѐ што паметам од детството, од аспект на активности што би сакал да ги правам. Буквално откако помнам, само тоа ме интересираше и ништо друго. Како деца правевме трки со велосипеди бидејќи бевме деца од Водно и немавме со што друго да се занимаваме. Имав идоли од Формула 1. Аиртон Сена ми беше еден идол од тоа време, па Шумахер, Дејмон Хил. Знам дека постојано се менуваа, но секојпат моите детски идоли потекнуваа од светот на автомобилизмот, вели Иџе во една прилика за Деца.мк
Како наследници за она во што денес тој е најдобар ги има синот и внукот кои исто така од рана возраст покажуваат интерес за автомобилизмот и трките како својот татко и чичко.
За потсетување, по многуте победи кои претходеа на шампионатот и бодовната предност, хрватскиот град Бузет беше местото со патеката од каде Иџе ја освоит третата шампионска титула и уште еднаш да ја направи горда Македонија.
фото:Фејсбук Игор Стефановски- Иџе/Fotomodlic