Македонската фолкерка Сани Гроздановска 40 дена по породувањето одново се фати за микрофонот и експресно му се врати на пеењето и настапите. Работата не може да чека, ама и мајчинството не смее да трпи, па затоа сакала или не пејачката мора некако да најде време да ги усклади обврските на мајка и фолк ѕвезда. Улогата на мајка секако не и непозната, зашто од првиот брак ја има поголемата ќерка, ама сепак… новите генерации бараат нови методи.
За да и ги појасни новите и да ја потсети на старите, на гости и дојде саканата колешка, фолк пејачката Татјана Јовановска. За да и одржи краток курс по мајчинство на Сани, ама и малку заради себе… „за терапија на душата“, како што вели самата Тања.
А малата принцеза, насмеана, ведра, расположена… „Тинтарењето“ од мама и тета Тања и тоа како и годи. Ама, очигледно и таа им прија на нив, за што говорат и насмевките на двет фолкерки,инаку домашни пријателки.
Единствено остана нејасно, покрај терапијата за душа, дали тета Тања дојде на консултации, дали да оди на уште едно дете, или дојде да и помогне на Сани во справувањето со мајчинството? Што и да е, за убаво да е… Ем нацијата ќе се множи, ем естрадата ќе се прошири… со фолк наследнички!