Радио Милева

Спектакл за паметење: Наташа Беквалац ја крена македонската публика на нозе (видео)

Спектакл за паметење: Наташа Беквалац ја крена македонската публика на нозе (видео)

Пејачката Наташа Беквалац викендов настапуваше во Македонија каде што направи врвна атмосфера.

Имено, Наташа прво настапуваше во Прилеп, а пред публиката се појави во краток црвен фустан, а присутните ја поздравија со гласен аплауз.

Публиката ги пееше нејзините хитови, а посебно песната „Поново“ која публиката ја отпеа од прв до последен стих.

Како изгледаше атмосфера погледнете во продолжение.

По настапот во Прилеп, Наташа настапуваше и во Скопје каде што направи атмосфера до плафон, а публиката ги пееше сите нејзини песни.

Таа преку социјалните мрежи се заблагодари на  македонската публика.

„И пак ме оставивте без зборови, полно срце и душа. И пак ми давате крила, ветер во грб“ напиша Наташа.

To top