Радио Милева

Спејко во „Задруга 3“ влезе како слободен учесник, па откри кои „задругарки“ му се допаѓаат (видео)

Спејко во „Задруга 3“ влезе како слободен учесник, па откри кои „задругарки“ му се допаѓаат (видео)

Третата сезона на реалното шоу „Задруга“ започна на почетокот на месецот, а како што беше најавано, македонксиот учесник Дарко Спејко влезе во шоуто во саботата.

Пред влегувањето, тој беше гостин во емисијата кај Душица и откри кои задругарки му се допаѓаат.

фото: Принтскрин/јутуб

„Знам дека таму има силни емоции, јас веќе бев во едно реално шоу, ми се случи љубов. Можеби ќе ми се случи и во „Задруга“. Шопиќ ми е привлечна, а тука е и Јелена Пешиќ. Сите девојки се супер. Ние преку екранот гледаме од една страна, но тоа може да се смени кога ќе влезам во шоуто. Ќе бидам добар со сите“ изјави Дарко и додава:

„Ме изненадува Бора и Чолак, добри се. Што се однесува до останатите, Кариќ е супер“ вели Спејко.

фото: Принтскрин/јутуб

Спејко исто така објасни дека не сака кога некој го провоцира и кога прозива без потреба.

Како Македонецот ќе се снајде во реалното шоу останува да видиме.

За потсетување, Спејко победи во „Големиот брат“ во 2015 година.

To top