Бившата девојка на Дарко Спејко со која се запознаа во „Големиот брат“, згодната Тина Шегетин се омажи! Тина стапи во брак со Раца Јовановиќ (29), со кого се запознале во Подгорица, а сега со него живее во Никшиќ. По свадбата планираат да се преселат во Виена. Свадбата била во Никшиќ, а гостите ги забавувал бенд со ромска музика.
Меѓу останатите гости, верувале или не, бил поканет и Спејко, кој да биде уште почудно, на свадбата дошол со актуелната девојка Љупка Митрова. Но гостин на свадбената веселба на Тина бил и Ервин Мујаковиќ, кој во реалното шоу беше несреќно вљубен во неа, па откако едвај ја преболе, продолжи понатаму.
Покрај невестата, главна атракција на свадбата била новата девојка на Спејко! Додека бившата љубов на невестата бил облечен во смокинг со пеперутка вратоврска, неговата нова љубов на свадбата го придружувала речиси… гола!
Облечена во елегантен, свечен, црн фустан од проѕирна тантела со гол грб и со доволно длабоко деколте и проѕирни танга гаќички под него, Љупка е во фокусот на тамошните медиуми, па наместо за несвестата, тие многу повеќе пишуваат за новата љубов на старата љубов на невестата, односно за Љупка Митрова.
„Тина и Дарко сега се супер пријатели. Сите си се дружиме, супер екипа сме. Убаво е повторно да се собереме и да се присетиме на старите спомени“, изјавила 38 годишната Барбара (38), која ѝ е воедно и кума на својата помлада сестра, но била и организатор, како на моминската вечер, така и на свадбата на 12 години однеа помалата Тина.