Радио Милева 24/7 заедно?

Спејко и Хрисанта споделија љубов во природа: Реприза на минатото? (ФОТО)

Спејко и Хрисанта споделија љубов во природа: Реприза на минатото? (ФОТО)

Две сродни души,  еден во друг „зацопани до уши“…  Барем така изгледаат Дарко-Спејко и неговата веќе и не толку нова девојка Хрисанта. Уште една најнова потврда дека кумановецот и пробиштипјанката се во серизона љубов,  доказ се најновите фото-парчиња на двете вљубени гулапчиња.

Повеќе од очигледно е дека русокосата убавица не се двои од своето „медиумски познато момче“ со кое очигледно ја „затераа врската“, а зошто и не би, ако „љубовта им цути“?!

Вљубената двојка како доказ сподели нови фотографии, овој пат од уште едно ново заедничко патување, во познатиот туристички бисер – Блед во Словенија. Службено или приватно, или можеби Спејко и Хрисанта споиле „убаво и корисно“ – сеедно… Убавините на езерото и прекраснаото опкружување обајцата ги искористија за малку уживање и релаксација во природа. Впрочем љубовта таму и најдобро се споделува.

И додека долгоногата убавици клекната на колена во леопардови бикини ги сончаше своите раскошни телесни облини во поза на менкенка, нејзиниот љубовник  ужива до неа, ама во сенка.

Имено, додека Хрисанта го лови секој сончев зрак на себе за со помош на планинското сонце да го затемни својот тен, Спејко на поинаков начин го искористи сончевиот ден. Убавицата во полн сјај, со фул шминка на себе и модерни очила за сонце заносно позира, “големиот брат“  ги сонча само ножните прсти додека ја фотографира!

Целата оваа љубовна идила потсетува на едно друго не така одамнешно време, кога  шармантниот кумановец беше во „голема љубов“ со неговата Инстаграм-колешка,  инфлуенсерка и модна блогерка, струмичкиот модел Љупка Митрова која како и сегашната девојка, од Спејко беше неразделна. Сепак  „љубовната идила“ колку и да изгледаше идеално, заврши неславно.

Дали тоа значи дека она: „24/7 заедно“  ја убива љубовта или во прашање беа други работи, никој од нив потоа не проговори?! Ако е она првото, белким „големиот брат“ од Куманово ја научил лекцијата, па нема да ја повтори грешката, иако мора да признаете дека присуството на сексапилната пробиштипјанка  во било чија близина е само по себе повеќе од возбуда, па Спејко меѓу останатото ризикува со „реприза на минатото“?!

Можеби затоа Спејко тешко и одолева, особено ако е на ред практична примена на содржината од последната книга, која сексапилната Хрисанта неодамна самата обзнани дека ја (про)читала!?

Фото: Инстаграм принтскрин/hrisantam/spejko

 

 

 

 

To top