Радио Милева фото - магија и ѕвездена прашина...

Спасе – Рола, Антониа, Даниел и Лила се најдоа на исто место: Прогнозерот и предвиде мегахит, стилистот „жолтото пиле“ го преобрази во пепелашка, а водителката само ја зачини магијата (ФОТО)

Спасе – Рола, Антониа, Даниел и Лила се најдоа на исто место: Прогнозерот и предвиде мегахит, стилистот „жолтото пиле“ го преобрази во пепелашка, а водителката само ја зачини магијата (ФОТО)

Кога три познати фаци од различна провиненција ќе се најдат на исто место, мора да има добра причина која ги поврзува на иста фреквенција.

Презентерот на временската прогноза на ТВ Сител, Спасе – Рола, неговата верна придружничка или тој нејзин – сеедно, најпопуларната ТВ водителка Лила Филиповска и пејачката Антониа Гиговска завршија кај ист човек – познатиот мејкап стилист, шминкер и фризер, Даниел Николовски.

Секој мајстор на својот занает, ама сепак завршија кај мајсторот „за трансформации“ без кој сите изгледа не можат. Лила на „освежување со потсрижување“, Антониа на шминка и фризура за снимање на новиот спот, а Спасе…? Доволно освежен, негово е да ги предвидува и документера работите, за потоа да не биде не сум ви кажал, а Бога ми и покажал!

Пред да седнат и да им се препуштат на вештите раце на мајсторот за „метаморфози“, сите си направија по едно селфи за старт, што единечно, што групно, додека во меѓувреме ја слушаа новата песна на Антониа за која пејачката го подготвува видеоспотот.

Колку и да ви изгледа “спореден“, прогнозерот во ова друштво беше „главен“, зашто сите чекаа што ќе и предвиди на пејачката. дали Антониа по паузата со враќањето на сцената веднаш „сонце ќе ја огрее“ или „ветерот ќе ја оддува“ во заборав?

Спасе – Рола никогаш не греши, па веднаш се потруди недоумицата да ја разреши, прогнозирајќи му уште „посветла иднина“ и поуспешна кариера на „малото жолто пиле“ до кое останатите се збиле за едно заедничко оптимистичко селфи:

„Песната ја слушнавме, ќе биде хитчина, а сега ова мало жолто пиле, со сета ѕвездена прашина го испраќаме на снимање спот!“ – споделил прогнозерот и ги означил другите кои ја преземале волшебната поза во огледалото!

За да фати магијата се погрижила со своето присуство „освежената добра вила“ Лила, а волшебникот со чешел, фен, ножички шминкерски четкички, Даниел имал само една цел: „Малото жолто пиле“  да го преобрази во пепелашка. Селфито во огледалото нешто подоцна со неа, јасно покажува дека трансформацијата 100% успеала!  Тазе мама, тазе сопруга и снашка, за миг претворена во секси пепелашка!

Арно ама, за да не биде дека Спасе – прогнозерот е само прогнозер туку е и фото – волшебник, покажа со неговата фотосторија на која  секоја фотографија од колешката ја претворил во магија!

Иако, нека извини „магионичарот“, ама и без фото-магијата на Рола, Лила е „волшебна до бола“!  А, со неговата – уште поубава и „естетски побогата“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)


Фото: Инстаграм/lilafilipovska/antoniagigovskaa/rolladobolla

 

Поврзани теми

To top