Секој работен ден на Сител телевизија имаме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“.
Шеф Марк неодамна заплови во брачните води со сега веќе неговата сопруга Василка Димовска.
Доколку многумина мислеа дека Марк и Васила се во брак, тоа не беше така. Тие нивната љубов ja oфицијализираа на 20 јуни 2021 со потпис во матично и официјално станаа сопруг и сопруга.
Двојката организираа семејна свадба со најблиските роднини и пријатели, која ја одржаа на едно од најелитните скопски гастромномско-вински локалитети, Камник.
Марк и Василка се заколнаа на вечна љубов, а со свадбените фотографии готвачот се пофали на својот Фејсбук профил.
За храната и гастрономското уживање на овој важен ден за шеф Марк се погрижи неговиот колега – шеф Никола.
Марк и Василка уживаат во првите брачни денови, иако тоа можеби многу не менува бидејќи тие веќе живејаа заедно.
Парот по склопувањето на бракот сега ужива во нивниот меден месец.
Со оглед на тоа дека е лето, а попуштија и корона протоколите, Марк и Васика споија убаво и корисно, па заминаа на меден месец во Грција.
Тие го искористија слободното време, но и жешките температури да се разладат и да ги наполнат батериите.
Имено, готвачот на Фејсбук објави заедничко селфи со тазе сопругата како уживаат во базен, а покрај објавата додаде „полнење батерии“, „меден месец“….
Се надеваме дека двојката ги наполниле батериите, но и поуживале заедно во друштво еден на друг и се разладиле од летните горештини.