Американската актерка Џенифер Анистон, ѕвездата на серијата „Пријатели“, освен што е омилена во актерскиот свет, омилена е и на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 40 милиони фанови ширум светот.
Познатата Џен неодамна се врати од егзотичен одмор, а заедно со неколку фотографии од плажа се потсети на рајот во кој уживала и напиша: „Вратете ме назад“.
По морето и опуштеното селфи со кое ги распамети сите и за кратко време собра милиони лајкови, објави и фотографија во бикини, додека лежи на лежалка и се сонча и покажа совршено затегнато тело, а сите беа воодушевени од нејзината коса, односно „морска фризура“.
Џенифер во февруари наполни 53 години, а поради природниот изглед и одличната фигура редовно добива комплименти. На коментарите и сега им нема крај, а се јавија и многу познати актерски имиња.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Џенифер Анистон