Македонскиот автомобилист Игор Стефановски- Иџе реди успеси но, тоа не е случајно.
Напорниот тренинг на кој е целосно посветен но и умереноста е клучот за неговите победи.
Овој пат „кралот на ридските патеки“ на социјалните мрежи покажа што прави и како се подготвува за да остане во кондиција за следниот натпревар.
Убавата природа на која не можеше ни тој да и одолее ја сподели со своите следбеници, а магичната слика ги воодушеви неговите обожаватели кои имаа можност да ѕирнат одблизу по патеката која ќе го однесе до нови успешни резултати.
„ Лето – време е за тренинг“ – напиша тој на објавата додека го возеше брзиот автомобил потврдувајќи дека за победа мора да седне зад воланот и кога е време за плажа и одмор.
Но, дека кај него сѐ е организирано и умерено, неодамна докажа и со фотографијата која ја постираше заедно со понежната половина и од заслужениот одмор прати поздрав од плажа.
Со тоа покажа дека рецептот за врвен резултат лежи во совршениот баланс.
Фото: Инстаграм/ Игор Стефановски Иџе