Тамара Тодевска ова лето знае како да ужива, па максимално го користи слободното време за да се одмори.
По летното освежувње во Грција каде што беше со семејството, Тамара не пропушта ниту еден момент за да ужива во убавините на родната Македонија.
Како нова туристичка дестинација, Тамара го одбра Галичник каде што беше на проштека со нејзините пријатели, а за тоа се пофали и по социјалните мрежи.
Додека уживаше во Галичник, Тамара забелажа една фотографија со пријателите, но и со кучето Аркан.
„Со Аркан една локална“, напиша македонската пејачка на Инстаграм.
Инаку, Тодевска е бремена и наскоро ќе стане мајка на своето второ дете, а кон почетокот на идниот месец пејачката ќе ја објави својата нова песна „Довидување таго“.