Северина повеќе од две децении го привлекува медиумското внимание и со својата музика и со приватниот живот.
Таа со приватниот живот е секогаш во центарот на вниманието, а се трудеше да го држи семејството подалеку од очите на јавноста, но всушност не и успеа. Освен со синот Александар, пејачката е во врска со мајка си Ана, но не и со сестрите Зденка и Маријана.
Како што пишуваа хрватските медиуми, Севе долго време не разговарала со својата постара сестра Зденка, а таа живее во близина на Задар.
Da li ste znali da je ovo Severinina sestra Zdenka? pic.twitter.com/EFn0oPggZT
— Malagaravaa (@vaskekopirinac) February 21, 2024
Имено, Зденка се откажа од својата славна сестра откако се омажи за Србинот, спортскиот менаџер Игор Којиќ, од кој се разведе минатата година по шест години брак.
-Ние не го поддржуваме сето ова, Србите ни водеа вооружена војна, не угнетуваа 50 години, а сега водат психолошки. Мојата сестра беше воспитана во хрватско и морално, римокатоличко семејство, од татко Хрват и мајка Хрватка, но нејзиниот живот беше преземен од менаџерската машинерија. Таа има планетарна слава, но сигурно има тажен живот. Се молам за нејзино здравје и среќа – изјави претходно Зденка за хрватските медиуми.
Од друга страна, Северина не е во добри односи ниту со Маријана. Како што претходно објавија медиумите, Северина и Маријана се расправале подолго време, а потоа во животот на пејачката се вклучил и Центарот за социјална работа поради конфликт со нејзината сестра.
Инаку, како што објавија тамошните медиуми, Северина и Маријана се степале.
– Северина ме удри со чадор. Не е точно дека не знаеле каде живеам и дека не сум ги видел членовите на моето семејство. Ги видов пред епидемијата на корона вирусот, а се знаеше дека во последно време бев во Германија – изјави Маријана Поповиќ додека сè уште се опоравуваше по жестоката тепачка во станот на неа и на мајката на Северина.
Фото: printskrin/facebook/TikTok