Сопругата на Миле Китиќ од почетокот на пандемијата е во Домениканската Република.
Вилата на Миле Китиќ и Марта Савиќ се наоаѓа во елитниот дел на Белград, а како што пишуваат медиумите се проценува дека вреди 550 000 евра.
Екипата на курир.рс го посети крајот каде живее естрадниот пар, па соседите открија непознати детали од животот на Марта и Миле.
„Често ги сретнував, но во последно време не ги гледам толку често. Миле помина пред некој ден, а Марта не ја гледам со месеци. Е ако досега не се разведоа, нема одморот на пејачката да им го поквари бракот. Се гледа дека се сакаат и дека се заљубени“ вели една сосетка која сакала да остане анонимна.
Друга вели дека се прекрасни соседи и секогаш ги поздравуваат.
Eден од мајсторите кој работи на градилиште, вели дека го видел пејачот пред некој ден.
„Помина неколку пати. Најнормален човек, како да не е познат. Дојде од Хрватска, се гледа дека уживал на патувањето“ вели работникот.
Во еден фризерски салон вработените велат дека често ја сретнуваат ќерката на Миле и Марта, Елена Китиќ.
„Елена често поминува, мислам дека вози џип. Марта кога е тука често шета без шминка и во опуштено издание. Миле во рака често носи весници и оди до продавница да купи намирници. Не слушнав никакви приказни за развод, па така не можам да тврдам“ вели една девојка.
Инаку, во медиумите чесот се пишуваше дека Миле и Марта се разведуваат, но тие не ги коментира овие написи.