Пејачката Северина поседува стан во Сплит сместен на брегот на морето. Нејзиниот луксузен стан се наоѓа во населбата Жњан, која важи за една од најлуксузните населби во Сплит.
Како што пишува курир.рс, цеанта на становите во тој крај на Сплит се движи околу 650 000евра, во зависност од квадратурата и локацијата. Станот на пејачката се наоѓа во една од најатрактивните згради.
Соседите на Северина открија што мислат за хрватската пејачка.
-Неодамна го промени презимето на интерфонот од Којиќ во Вучковиќ. Тогаш ни беше јасно дека навистина се разведе. Најчесто и доаѓа мајка и, тука е преку лето, за празниците. Секогаш не поздравува кога ќе не сретне, фина е. Неколку пати ја сретнав и со нејзиниот поранешен сопруг Игор Којиќ и нејзиниот син, вели соседот Марио за курир.рс
Сосетката Антониа немала мислење за Севеирна, но открила детали за нејзиниот приватен живот.
-Ја видов неколку пати, но беше нерасположена, мене не ми се допаѓа. Мајка и е пријатна жена. Се сеќавам, еднаш стоеше пред крстот Јован Павл Втори, се молеше, како да медитираше и гледаше во небото. Тогаш имаше проблеми околу старателството над синот, вели сосетката, па додава дека Милан Поповиќ имал големи планови за тој крај.
-Изјави дека ќе го купи и среди овој крај, а дали го купи или не, не знам, вели Антониа.
фото: Инстаграм/северина којиќ