Најпопуларниот реалити пар Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ пред Нова година се преселија во стан на Бежаниска коса за кој се пишуваше дека платиле околу 160 000 евра.
Соседите на Луна и Марко открија какви соседи се учесниците во „Задруга“.
-Ги гледавме и порано бидејќи доаѓаа да го видат станот, да се договорат за цената, а подоцна имаше и мајстори. Немав убаво мислење за нив поради нивното однесување во реалното шоу. Но, и луѓето кои ги познаваат сешто зборуваа за нив, велат дека таа е безобразна, а тој ограничен. Меѓутоа, мислим дека ги промени раѓањето на детето. Станаа семејство и целата енергија ја насочија кон тоа. Да не ги знам од порано, би рекол дека се фин млад пар, вели сосед кој сакал да остане анонимен.
Во блиската продавница често доаѓа Марко.
-Насмеан и често заборава што треба да купи, па ја бара Луна на телефон за да му повтори. Но, секако повторно заборава, тоа ни е многу симпатично, вели продавачката, а нејзина колешка додала:
-Луна многу ме нервираше бидејќи го растури бракот меѓу Кија и Слоба. Јас мислам дека тоа беше нејзина најголема грешка и печат за цел живот. Тоа не и го кажав бидејќи мислам дека се однесува како тој период да не постои. Често доаѓа со ќерката, грижлива мајка е, вели продавачката.
Соседите велат дека тинејџерите често трчат да се фотографираат со Луна, а Марко го гледаат во друштво на Гаги Ѓогани.
-Мислам дека Луна и Марко се заслужни што Гаги се откажа од пороците. Често е со Марко, му помага околу се. Луна често е во дворот или излегува да се фотографира во разни комбинации, најверојато тоа е облека која ја рекламира за пари. Тогаш и се приближуваат деца за да се фотографираат. Марко често некаде брза, знае да помине и да не се поздрави, а Луна секогаш се поздравува со нас, велат соседите и додава дека повозрасни жени често и се приближуваат на Луна да и помогнат околу детето.
-Тогаш ја прашуваат за реалното шоу, па се гледа дека и е непријатно. Сепак, знае културно да одговори, вели сосетката.
Соседите од Бежаниска коса велат дека Марко и Луна наскоро планираат проширување на семејството.
-Ја слушнав како зборува на мобилен телефон, седеше на клупа покрај мене. Зборуваше дека ќерката е доволно голема и дека планираат дете. Зборуваше како едвај чека да остане бремена и да менува пелени, тврдат соседите.
фото: инстаграм/luna_djogani