Соседите на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљќиќ тврдат дека младиот пар е полн со позитивна енергија и не се однесуваат како да се дел од естрадата.
Пејачката и актерот оставаат впечаток на двојка меѓу кој нема проблеми.
Јелена и Иван живеат во стан кој се наоѓа во близина на центарот на Белград, во кој ја растат шестогодишната ќерка Нина. Сосетката и продавачка во трафика откри дека никој во маалото нема лошо мислење за нив.
– Покрај тоа што работам под нивната зграда, јас живеам и во близина. Навистина се љубезни и насмеани, неам лоши зборови за нив. Кога доаѓаат да пазаруваат, Иван купува вода, а Јелена некои грицки. Ги сретнувам и во насeлбата, иако најчесто одат со кола или со такси. Понекогаш знаат да одат и на пазар, со сите се љубезни, изјави сосетката на Томашевиќ.
Продавачите на пазарот велат актерот не оди по набавки, повеќе поминува Јелена.
-Понекогаш ќе дојде Јелена со ќерката, не толку често. Кога ќе дојдат најмногу купуваат овошје и зеленчук. Секогаш е насмеана. Не се однесува како да е пејачка и јавна личност, вели Мира од пазарот.
Спроти зградата каде што живее парот се наоѓа и фризерски салон кои Јелена и Иван често го посетуваат.
-Иван често се потстрижува кај нас. А девојките кои работат го обожаваат. Многу е духовит. Секогаш е расположен. Фризерките се “караат“ која ќе го потстриже, вели Милица работничка во фризерскиот салон, додека нејзина колешка за Јелена вели:
– Taa доаѓа со ќерка и. Нема многу желби, не е напорна, секогаш знае што сака, затоа е лесно да се соработува со неа.
фото: Митар Митровиќ