Српската пејачка и некогашната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Славица Чуктераш има четири стана во Шабац, но нејзините соседи немаат убаво мислење за неа.
Екипата на курир.рс го посети родниот крај на пејачката. Мештаните откриле дека на почетокот на кариерата купила три стана во центарот на градот.
„Таа овде купи станови пред 15 години, сега тука живее нејзината мајка која имаше салон за убавина на презимјето во зградата, но го затвори. Таа е фина, културна жена. Славица ја сретнував кога доаѓаше да ја посети својата мајка, но ни збор не проговорив со неа. Не знам што да ви кажам, луѓето овде не ја сакаат. Слушнав дека претходно ја викаа Бебана, додека пееше со еден оркестар по свадби“ вели една госпоѓа која работи во трафика во близина на зградата.
Според зборовите на граѓаните, Славица има уште еден стан во Шабац.
Поранешна сосетка на Славица вели дека имала прилика често да ја сретнува пејачката, но никогаш не ја поздравила.
„Живеам до нејзиниот влез. Ја сретнував на паркингот и пред зградата. Таа овде живееше некое време, сега најверојатно го издава станот, одамна ја немам видено, можеби една година. Слушнав дека живее во Нови Сад. Знаев дека ми е сосетка, но никогаш не покажа ни најмалку љубезност и култура, да каже барем „добар ден“. Секогаш носеше очила за сонце и не ги забележуваше другите луѓе, дури слушнав дека со никој не се поздравува. Најверојатно такви се ѕвездите“ вели за курир.рс поранешната сосетка на Чуктераш.
Славица откако се омажи со фудблаерот со Владимир Аврамов се селеше неколку пати, но најмногу живееше во Нови Сад.
Славица и Владимир се разведоа претходната година, а од бракот ја имаат ќерката Викторија.