Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот претходната година купил цел спрат во една новоизградена зграда во една лускузна населба.
Екипата на „Ало“, се упатила во населбата каде што Ноле купил станови, а соседите откриле како се однесува кога ќе се исклучат камерите.
„Што може да кажеме за Ноле? Тој е најобожаван Србин и наш најдобар амбасадор.Самиот факт дека ни е сосед не прави пресреќни и горди. Не е мала работа кога ќе кажете дека живеете во населбата кај Новак“ вели една сосетка на Новак.
Таа додала дека само еднаш го видела, но дека од возбодување не успеала да се фотографира.
Еден млад сосед откри во каков стан живее еден од најдобрите тенисери.
„Ноле, има најголем имот овде. Најголем“ вели соседот на Новак.
„Ретко го гледам него, печесто Јелена и децата, како и родителите на Ноле. Прекрасни се заедно, целето семејство е пријатно и љубезно“ вели младото момче.
На прашањето колку чини квадрат во таа населба, тој одговорил:
„Велат дека чини околу 3000 евра. Можеби во изградбата бил поевтино. Неговиот стан има околу 300 квадрати, па кога ќе ги помножите тие две цифри ќе добиете сума од која ќе ви се заврти во глава“ изјавил младото момче.
Една друга сосетка ја опиша првата средба со Ноле.
„Го видов еднаш Ноле како во раните утрински часови трчи околу блоковите. Веројатно тоа му е рутина околу неговиот тренинг. Прекрасен е, културен и насмеан. Изгледа дека многу е скромен. Со сите се поздравува, застанува да се слика со децата“ вели сосетката.
Иако е сопственик на неколку ресторани, Ноле сака да го посети ресторанот на Саша Ковачевиќ.
„Ноле доаѓаше кај нас на утринско кафе, прекрасен е. Не се однесува како ѕвезда. Од него сите треба да учат како да се однесуваат“ вели Душан за „Ало“.