Гоца Тржан имаме прилика да ја гледаме како член на жирито во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездчки – алл старс“.
Пред камерите секогаш го кажува своето мислење, а сега соседите открија како се однесува кога ќе се исклучат камерите.
„Сите се изненадивме кога видовме дека Гоца Тржан се всели во нашто маало, а уште повеќе бевме изненадени кога видовме како се однесува приватно. Во „Пинкови ѕвездички“ ми делуваше дека секогаш сака да го наметне своето мислење и секогаш ги критикуваше децата. Мислев дека е безобразна,но кога ја запознав лично, мислењето потполно ми се промени. Неверојатно колку е пријатна, љубезна и воспитана. Живеам во зграда преку неа, често се гледаме и нема ден да не ја сретнам на улица и да не се поздрави и да ме праша како сум. Сите ја засакавме, мислам дека никој нема да има лош збор за неа, Раша и нејзината ќерка. Тие се многу убаво семејство“ вели сосетката Мира Гашиќ за „Сцена“.
Еден сосед вели дека често ги сретнува Гоца и Раша во парк како шетаат и ги завршуваат секојдневните обврски.
„Тој стан каде живее Гоца се продаваше долго време. Овој крај е семеен, сите се знаеме и луѓето ретко се менуваат бидејќи се познаваме. Брзо се прошири веста дека имаме нова сосетка, така да во големата куќа живее Гоца. Немав прилика да ја запознам, но слушнав само убаво зборови“, вели соседот.
Во близина на нивниот дом се наоѓа автоперална, а Раша и Гоца често ја посетуваат.
„Таа ќе го довезе автомобилот, а Раша седи до неа на совачкото седиште. Во живо не ми делува како на телевизија, нема многу шминка и природна е. Ретко се појавува без сопругот“ вели вработениот Дарко.