Пејачот и кант – авторот Ѓорѓе Балашевиќ заедно со неговата сопруга живее во Нови Сад.
Во семејната куќа тој поминува најмногу време, а неговите соседи имаат само пофални зборови за пејачот.
„Секогаш е фин,културен и нема шанси да не се поздрави. Понекогаш, мислам дека тоа е од чиста култура, кога некој ќе те поздрави, од култура му враќаш. Меѓутоа, се убедив дека тоа не е точно кога во една прилика го сретнав во град и ми тој прв ме поздрави. Тогаш сфатив дека знае кои му се соседи. А нашето маало е такво што останаа малку староседалци, па така, луѓето многу малку се дружат. Нема „кафесување“ со соседите. Тоа одамна не постои во урбаните средени, а според зборовите на оние кои го познаваат Балашевиќ тој никогаш несакал такви дружења“ вели еден сосед на пејачот.
Горанка која живее малку подалеку од куќата на Балашевиќ вели дека и е драго што Ѓорѓе успеал да се извлече и што се чувствува подобро по операцијата на срцето.
„Ретко го сретнувам. Еве, последен пат го видов со внуката која изгледа тргна во училиште, па ми беше многу смешен. Таа нешто му објаснуваше, а тој потврди со климање на главата, па кога се сретнаме само се насмеа. Можеби кога би почнала да го поздравувам и тој би ме поздравувал. Некако, непријатно ми е и не сакам се и сешто да помисли бидејќи не живееме во иста улица. Кога би го сретнувала почесто сигурно ќе го поздравам, а и тој мене“ вели Горанка.
За потсетување, неодамна Ѓорѓе имаше здравствени проблеми, па како што пишуваа медиумите му биле вградени два стена.