Анастасија Ражнатовиќ неодамна се пресели во стан на Врачара, а нејзните соседи за курир.рс открија каква сосетка е Ражнатовиќ.
Најчесто ја гледаат во автомобил како ја напушта зградата и сите имаат убаво мислење за пејачката.
„До неодамна не знаев дека тоа дете живее во нашата населба. Кога ја видов првапат не бев сигурна дали е таа, но ќерка ми кажа дека е Анастасија. Пријатно се изненадим секојпат кога ќе ја сретнам во лифт или пред зграда, културно ќе ме поздрави. Тоа денес не го прават младите, а таа културно се поздравува иако нејзината мајка е една од најпопуларните пејачки на Балканот. Слатка е, скромна и воспитана“ вели првата сосетка на Анастасија.
Продавачката која работи во продавница во близина на зградата вели дека ја гледа Анастасија еднаш во 2 месеци.
„Од соседите слушнав дека ќерката на Цеца живее во нашиот крај, но неколку месеци не ја видов се додека не дојде во продавницата. Иако е Цеца е многу убава жена, ова е поубава од неа. Мислам дека ретко излегува од станот, веројатно некој друг купува наместо неа. Ражнатовиќ живеат на висока нога и тие се научени да ја чуваат својата приватност и да не се дружат со непознати луѓе. Сепак, од раѓање се осудени на јавност и не може да им забележите што живеат оделни од сите“ вели една жена.
„Анастасија ја гледам навечер кога одиме на прошетка. Неколку пати ја видовме како влегува со момчето. Се гледа дека се заљубени бидејќи секогаш се насмеани и се држат за рака. Ретко излегува, само кога ќе дојде момчето или другарките. Кога ќе и се насмееме ни враќа со насмевка. Културна е, се облекува нормално и да не знаеме на кого е ќерка, по нејзиното однесување никогаш нема да заклучиме“ вели една сосетка која истакнува дека многу сака да ја види Цеца во тој крај.
„Слушнав од соседите дека Цеца била во овој крај, но јас никогаш не ја видов кај нас на улица. Многу сакам да ја сретнам таа жена, ги сакам нејзините песни и сакам да ја запознам. Сигурно како и секоја мајка доаѓа да види како ќе се снајде детето“ вели сосетката.