Ана Николиќ на социјалните мрежи често објавува фотографии на кои покажува дека ослабела и дека ја довела линијата до совршенство.
Дека тоа е така и дека фотографиите не се фотошоп, потврдуваат и соседите на пејачката.
Соседите кои живеат спроти згарадата во која живее пејачката велат дека навистина ослабела и дека фотографиите не се фотошопирани.
„Ја гледаме Ана, како да не. Вчера ја сретнав, изгледа супер. Навистина многу е ослабнета, не знам дали ослабела 20кг, но линијата ја довела до совршенство. Секогаш културно се поздравува и многу е љубезна“ вели сосетката Вера и додава дека со поранешниот сопруг Стефан Ѓуришиќ Раста останала во коректни односи.

„Раста редовно доаѓа по ќерката. Често го гледам како доаѓа и си заминува, а некогаш сите одат заедно. Во добри се односи“ вели госпоѓата.
Жена која живее во близина на зградата каде што живее Ана има само пофални зборови за пејачката.

„Ја гледам често, оној црн автомобил е нејзин, тоа значи дека е дома. Само не знам зошто го паркирала пред моја зграда. Навистина е ослабена, секогаш е средена и брза некаде. Често ја гледам со мајка и со дадилката која и помага околу ќерката.Го сретнувам и оној нејзиниот со кого има ќерка…ја посетува ќерката, не можам да кажам дека не е одговорен“ вели таа.
Момче кое седи во зградата кај Ана, вели дека ја сака пејачката и не сака да ја озборува.
„Ана е супер лик и моја драга сосетка. Сега кога ќе се врати на сцената со новите песни и новиот изглед има да биде врв“ вели соседот.