Пејачката Сека Алексиќ заедно со семејството односно двата сина и сопругот живее во Нова Пазува, а сега нејзините соседи открија како се однесува приватно.
„Сека е многу приземна и пријатна. Со години ја знаеме во соседството и никогаш не се однесува како да е ѕвезда. Луѓето сакат да ја видат, посебно повозрасните, секогаш сакат со неа да позборуваат. Таа ќе застане и ќе прозбори по некој збор, секогаш е трпелива и насмеана. Некако е жена од народот, ја сакаат, а не ни чудно кога е таква. Често ја гледаме со синовите Јаков и Јован како шетаат, некогаш и Вељко е со нив, тие се складно семејство. Многу се посветени на децата, се грижат за нивното воспитување“, вели сосетката на пејачката и додава:
„Таа секогаш сака да помогне, хумана е. Одржа два хуманитарни концерти на кои имаше околу 10 000 луѓе, баш ја сакаат Сека. Додека ја гледавме на телевизија имавме разни сомнежи, но кога ја запознавме сфативме дека е драга, добра домаќинка, посветена мајка. Мислам дека никој во соседството нема да ви каже лоши зборови за неа. Сите чекаме едвај да дојдат празници да видиме како ќе го украсат домот, како во бајка е“.
Помлада сосетка вели дека често била гост на прославите кај Сека и секогаш преубаво си поминувала.
„Кога има некоја прослава, Сека ги поканува децата од соседството. Моите деца со задоволство одат таму, се им дава, од играчки, колачи, сокови, ручек, а искрено и јас уживам со нив. На масата нема што нема, а и атмосферата е прекрасна“, вели сосетката на пејачката.
Во близина на домот на Алексиќ има маркет, а велат дека пејачката често знае да оди таму.
„Нема некои посебни барања, се однесува нормално, најчесто доаѓа за викенд и купува наголемо. Доаѓа во опуштено изднаие и без шминка. Доаѓа со сопругот и тој и помага да ја стави робата во автомобилот. Никогаш не бараат да одат преку ред, дури тие пуштаат пред нив некој повозрасен. Пазаруваат секојдневни намирници, ние ќе им кажеме кога ќе ги видиме во весници, а тие се смешкаат“, заклучи продавачката.
фото: ало.рс/принтскрин