Радио Милева
потечена и помодрена

Сораја со отоци и модринки по лицето: Старлетата шокираше со својот изглед (ФОТО)

Сораја со отоци и модринки по лицето: Старлетата шокираше со својот изглед (ФОТО)

Старлетата Сораја Вучелиќ ја запознавме пред десет години во реалното шоу „Големиот брат“ и оттогаш таа целосно се промени од бројните естетски интервенции.

Сораја во последната деценија стана „некоја друга жена“, а покрај силиконите во градите, усните, затегнатото лице, мачкините очи, надградената коса и забните навлаки, таа сега е во центарот на вниманието и поради бројните модринки на лицето кои се гледаат на нејзината најнова фото објава.

Сораја објави фотографии од автомобилот на кои се гледа дека има отоци околу јаболчниците, а кога ја тргнала косата, забележливи биле и модринките под очите.

Но веднаш потоа стана јасно дека тие не се последица ниту на некакво насилство, ниту пак на некоја незгода, сообраќајна или било каква друга, туку се „нус појава“ од уште еден естетски зафат на кој се подложила старлетата.

Заедничката фотографија со нејзиниот естетски хирург, русокоста докторка од една приватна белградска клиника, тоа го потврдува!

Фото: Инстаграм принтскрин/sorajavucelic

Останати вести од Радио Милева