Приватниот живот на старлетата Сораја Вучелиќ деновиве е во центарот на вниманието на јавноста откако таа со својот „пријател“ наводно била „исфрлена“ од еден скопски локал. Причините се’ уште се до крај нејасни, зашто секоја страна кажува своја приказна. И онаа на старлетата и другата, на сопственикот на локалот. И додека останува нејасно во кое својство бил господинот што ја придружувал Станија во Скопје и ја шетал по скопските локали, оддамна јасно која е последната јавно позната голема љубов на стралетата.
Малкумина се сеќаваат дека Сораја во 2014 година беше вљубена во рускиот бизнисмен Владимир. Наводно тогаш се запознале на Копаоник и тоа било љубов на прв поглед.
Имено, кога пристигнала на Копаоник, Сораја доживеала полесна сообраќајна несреќа. Нејзиниот автомобил бил удрен од автомобилот на господинот Владимир, а штом го оствариле првиот контакт се јавиле и првите љубовни искри. Оштетувањето на четири тркалата веднаш се заборавило, а старлетата и рускиот бизнисмен набрзо се впуштија во љубовна врска.
„Сораја на вториот ден од новата година отпатувала за Копаоник, а штом стигнала на планина и се случила несреќа кога млад господин ја удрил со својот автомобил. Таа налутено излегла од автомобилот, но штом го видела, само се насмевнала. Откако го оствариле првиот контакт, Сораја и Владимир, кој има руско потекло, се договориле да се видат на кафе следниот ден, а на старлетата тој многу и се допаднал. Сообраќајката кулминирало со љубовна врска“ – изјави тогаш извор очевидец за срспсите медиуми, додавајќи дека Сораја добила покана од Владимир да му се придружи во Русија.
„Тој е бизнисмен кој се занимава со градежништво, а колку му се допаднала Сораја говори фактот што ја поканил да дојде кај него во Русија и да почнат да живеат заедно. Меѓутоа, Сораја морала да ја одбие неговата покана бидејќи веќе имала веќе договорени планови и обврски, а и не сакала да брза бидејќи се познаваат кратко време“.
Како и да е, како завршила таа врска на јавноста никогаш не и стана детално познато, но очигледно по тој бродолом Вучелиќ продолжила да влегува во нови љубовни врски, иако е јасно дека повеќето од своите избраници ги чува строго настрана од очите на љубопитната јавност.
Токму затоа интересот е дотолку поголем за тоа кој е и што и е на старлетата човекот со кого беа „исфрлени“ од скопската кафеана!
Фото: Инстаграм принтскрин/sorajavucelic