Радио Милева

Сораја и Марија Груевска -„на иста адреса“: И српската старлета и македонската пејачка ги (с)облекува ист човек! (ФОТО)

Сораја и Марија Груевска -„на иста адреса“: И српската старлета и македонската пејачка ги (с)облекува ист човек! (ФОТО)

Неодамнешното гостување на Сораја Вучелиќ во „А-Ми-Џи“ шоуто на Огњен Амиџиќ предизвика шок, полемики, вчудовидување и лавина од коментари кога  српската старлета се појави во креација во која едната града и беше сосема гола, а брадавицата покриена само со залепена апликација.

Веднаш потоа брзо проструи информацијата дека автор на креацијата е Македонец, извесен Златко Јовановски кој е македонски моден креатор во подем!

Атрактивна по изглед, ексцентрична во облекувањето и екстравагантна, со елементи на еротски фетиш во сценскиот настап на последниот „Макфест 2017“, остана запаметена и младата пејачка,  Марија Груевска која веднаш го доби прекарот македонска „Лејди Гага“!

Од претходно позната на македонската јавност по учеството во шоуто со неславен крај „На иста адреса“, по појавата на Сораја во „А-Ми-Џи“ со гола града, македонската пејачка и српската стралета дефинитивно се „на иста адреса“… Барем кога е (с)облекувањето во прашање. И едната и другата ги (с)облекува ист човек – споменатиот македонски моден дизајнер Златко Јовановски.

Она (с) во „облекува“ сфатете го условно… Зашто и обете облечени во неговите „ексцентрично-екстравагантни кутур креации“  повеќе се голи отколку облечени.

Сораја и брутално, а нашата Марија… со разголени нозе, бедра, гол грб… но, сепак далеку попристојно од српската старлета!

Како и да е „високата мода“ е „на иста адреса“… Само што, нивото е различно!

 

 

Останати вести од Радио Милева