На социјалните мрежи почна да се шири снимка од расправија на Јована и Жељко Јоксимовиќ во една емисија.
Имено, сопружниците Јована и Жељко направија динамична атмосфера во емисијата, а во еден момент дојде до расправија, која досега немавме можност да ја видиме од брачната двојка пред камерите. На Жељко му пречеше начинот на кој зборува неговата сопруга во емисијата, алудирајќи на тоа дека звучи „како да води утринска емисија“.
– Ајде, почни како ја отвараш утринската програма – и рече Жељко на Јована.
View this post on Instagram
– Но јас не почнав да ја водам утринската програма ! – возврати таа.
– Почна, бидејќи цело време зборуваш како во утринска програма – продолжи Жељко.
– Кога? Сега? Тоа не е точно – изјави таа во емисијата „Муштлук“.
– Ајде, ти си како… „Добар ден…“ – ја имитираше Жељко сопругата.
Тогаш во се’ интервенираше Харис Џиновиќ, кој застана на страната на Јована Јоксимовиќ, а ситуацијата во студиото набрзо се смири.
– Морам да ја бранам. Ако јас пеам овде, а вие овде… Логично е некоја личност, било да е ваша сопруга или анонимна личност, да има желба, таа има право на тоа – рече Џиновиќ.
– Зошто? – изненадено праша Јоксимовиќ.
– Зошто?! – зачудено повтори водителката.
– Па, тој има право. Затоа што е жив човек – додаде Џиновиќ.
@balkanac616 Jovana i Zeljko Joksimivic imali okrsaj #viral #fyp #jutarnjiprogram #zeljkojoksimovic ♬ original sound – Balkanac
– Да ти кажам, десет години ја имаш истата реакција кога ќе те замолам да отпееш песна. Сосема идентично, навикнат сум на тоа. Не се срамам, мора да разберете дека целосно го гуглав – истакна Јована Јоксимовиќ, а снимката завршува тука.
Да потсетиме, Јована и Жељко се во брак од 2012 година кога се венчаа на Малдиви и важат за еден од најскладните парови на јавната сцена, а од заедничката љубов имаат три деца, синот Коста и близнаците Срна и Ана.
фото:Instagram printskrin/ jjovanajoksimovic
видео: Tik Tok/ balkanac616