Тања Савиќ по една ипол година конечно ги виде своите деца откако нејзиниот се уште законски сопруг Душан Јованчевиќ ги однесе децата во Австралија.
Пејачката замина по нејзините деца, а е на пат за Србија.
По тој повод се огласи и сопругот на пејачката. Имено, за курир.рс тој истакнал дека нема коментар, подобро е да се јават на пејачката, а потоа испратил и порака.
„Им посакувам среќен пат, Бог да ги чува, да сме живи и здрави. Ги сакам сите тројца и се надевам дека наскоро ќе бидеме сите заедно. Толку од мене, благодарам. Немам што да додадам“, напиша Душан.