Радио Милева во костец со опаката болест

Сопругот на Марина Туцаковиќ со детали за нејзината здравствена состојба: „Марина нема сила ни да зборува, спие цел ден, не станува од кревет, уморна е и здробена…“ (ФОТО)

Сопругот на Марина Туцаковиќ со детали за нејзината здравствена состојба: „Марина нема сила ни да зборува, спие цел ден, не станува од кревет, уморна е и здробена…“ (ФОТО)

Една од најуспешните и најпопуларните текстописци во регионот, Марина Туцаковиќ, наголемо се бори со опаката болест. Таа отпатувала со своето семејство од Белград, на одмор на Златибор. За време на престојот на познатата српска планина, таа била фотографирана, а нејзината слика ја објавил на Инстаграм нејзиниот син Милан Лаќа Радуловиќ. Откако фотографијата осамна на социјалните мрежи, нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ – Фута ги откри деталите за нејзината здравствена состојба.

„Што да ви кажам … Целата оваа ситуација со корона вирусот уште повеќе влијае на нејзината состојба. Цело време е заклучена во куќата, слабо се движи затоа што не може. А, сето ова води кон депресивна состојба. Марина сега започна со шестиот циклус на хемотерапија“ – изјави композиторот.

„Цело време е заклучена во куќата, слабо се движи затоа што не може! Спие цел ден, не станува од кревет. Уморна е и здробена. Но, нека биде, нека одмори.  Јас подготвувам сè што и треба, и носам храна, а нејзино е само да се одмори и да не биде изложена на стрес. Марина моментално е во таква фаза, нема сила да зборува, па затоа не одговара на телефонските повици“ – раскажал Фута.

Покрај тоа, Александар истакна колку е згрозен од одредени медиуми кои шират неточни информации за здравјето на Туцаковиќ.

„Таа не умира, како што велат, таков е процесот по сите тие терапии. Да се ​​чувствувате лошо после нив е очекувана реакција. Само да издржи десет дена, па ќе биде подобро“ – заклучил Фута во изјавата за „Стар“, која ја пренесуваат дел од останите српски и регионални  медиуми.

To top