Тапанарот на бендот Blink-182, Тревис Баркер, од засега непознати причини е хоспитализиран во Лос Анџелес, јавуваат странските медиуми.
Баркер (46), придружуван од неговата сопруга Кортни Кардашијан, се појавил во болницата Вест Хилс, а потоа бил пренесен со брза помош во медицинскиот центар Седарс-Синај. Кортни цело време била во брзата помош, пренесува TMZ.
View this post on Instagram
Баркер и реалити ѕвездата се венчаа минатиот месец во Портофино, Италија, а нивната венчавка беше прикажана во семејното реално шоу „The Kardashians“.
Се уште не се знае зошто тапанарот завршил во болница, а неговите обожаватели ги загрижи неговата последна објава на Твитер, во која тој само кусо, без дополнителен контекст напиша: „Боже, спаси ме“.
God save me
— Travis Barker (@travisbarker) June 28, 2022
„Боже, спаси ме“ е и насловот на песната од неодамна објавениот албум на Баркер „Machine Gan Kelly“. Песната, која е коавтор на Баркер, делумно зборува за зависност од дрога, закрепнување, ментална нерамнотежа и слава.
Да потсетиме, тапанарот беше хоспитализиран во 2018 година поради згрутчување на крвта во рацете. Тој, исто така, страдал од целулитис, бактериска инфекција која може да предизвика оток, воспаление и болка.
Travis Barker pic.twitter.com/uStK4eIFsD
— 💀Jules Vela🇺🇸🗽 (@31471a6c2d5c423) June 29, 2022
Во 2008 година учествувал во авионска несреќа, по што се здобил со изгореници од трет степен на поголемиот дел од телото, а во таа несреќа загинале шест лица. Несреќата ја преживеал и DJ AM, но една година подоцна починал.
16-годишната ќерка на Баркер, Алабама Луела Баркер, исто така вчера се огласи на Инстаграм, објавувајќи: „Ве молам испратете ги вашите молитви“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Твитер/travisbarker