Душко Тошиќ ги изненади и шокираше сите свои следбеници со последната објава на „Инстаграм“.
Фудбалерот, кој моментално е во Кина, донесе одлука со која ќе му го промени животот во целост.
Последните две ипол години тој беше успешен член на фудбалскиот клуб „Gnazhou R&F“, но донесе одлука да се збогува со своите соиграчи засекогаш.
– Би сакал да им се заблагодарам на фудбалскиот клуб „Gnazhou R&F“ и на сите мои кинески навивачи, кои ме поддржаа во овие феноменални две и пол години. Навистина уживав многу, и секогаш ќе имате посебно место во моето срце. Многу сум тажен што ја напуштам оваа прекрасна земја, но истовремено сум среќен и со нетрпение ја очекувам иднината и новите можности – напиша Тошиќ покрај објавата од неколку фотографии.
View this post on Instagram
Засега Тошиќ не откри каде ќе ја продолжи успешната спортска кариера.