Радио Милева
непоправлив емотивец

Сопругата на Тома Здравковиќ: Беше вљубен во Силвана Арменулиќ, а таа беше недостижна за него (ФОТО)

Сопругата на Тома Здравковиќ: Беше вљубен во Силвана Арменулиќ, а таа беше недостижна за него (ФОТО)

По емитувањето за новогодишните празници на МТВ и масовното прикажување на филмот „Тома“, животот на еден од најголемите боеми на Балканот, пејачот Тома Здравковиќ повторно е во центарот на вниманието на балканската јавност.

Четвртата и последна сопруга на Тома, Гордана Гоца Здравковиќ открива непознати моменти од животот на големиот пејач.

„Имаше нешто во него што не можев ни сама да го сфатам. Имаше една линија на тага, емоции, можев само да ја почувствувам и не можам да објаснам што е тоа“ вели Гоца за тоа што ја привлекло кон Тома.

Таа раскажува и за тоа како тие двајца ја почнале љубовната врска која подоцна ја крунисаа и со брак.

„Еднаш го вратив од лекар и ми рече, од чистa мирa: „Зошто не се омажиш за мене?“

Јас велам: „Зошто би се омажила со тебе? Прво, ти си постар од мене, второ, имаш три брака зад себе, имаш дете, јас дури и не те сакам, ти воопшто не си мој тип“.

Ме гледа и ми вели: „Ми се допаѓаш, само ти не го знаеш тоа“ раскажува Гоца.

Таа искрено зборува и за врската што Здравковиќ ја имал со Силвана Арменулиќ, за која вели дека навистина имала големо место во животот и срцето на Тома.

„Ми кажа за Силвана, дека е добар пријател со неа. Мислам дека имаше одредена емитивна врска помеѓу него и Силвана. Познавајќи го мојот сопруг, бидејќи тој беше од заљубљива природа, веројатно беше и вљубен во неа, бидејќи таа во тоа време беше недостижна за него.  Всушност, се’ што во некои моменти беше недостижно за него, го претвораше во некои негови емоции, соништа, во некаква желба“ – раскажала Гоца и додала:

„Кога таа почина, тој беше навистина очаен. Не можеше да сфати дека ја нема. Тие навистина имаа една специфична врска. Во секој случај тоа беа огромни емоции“ – се присеќава Гордана Здравковиќ на моментите од животот со балканската кафеанска легенда.

Инаку, Силвана Арменулиќ трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа пред 45 години, на 10 октомври 1976 година, на автопатот Белград-Ниш, кога се враќала од концерт. Силвана имала 37 години кога загинала.

На старата фотографија од местото на несреќата се гледа дека автомобилот во кој се наоѓала пејачката бил целосно уништен!

Според реконструкцијата на несреќата, по рамната сообраќајница фордот се движел со брзина од околу 150 км/ч, а потоа наеднаш почнал да преминува на левата, спротивна лента и дошло до директен судир сио камион.

Десната страна на фордот со толкава сила удрила во камионот што целосно го извадила предното десно тркало и се вовлекла под него.

Заедно со неа починала и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ, која била бремена и виолинистот Раде Јашаревиќ, додека третата сестра Дина Бајрактаревиќ Николиќ, како што еднаш рекла, за влакно ја избегнала смртта.

Останати вести од Радио Милева