Радио Милева проблеми со килограмите

Сопругата на српскиот тенисер изгледа беспрекорно, а еве која е нејзината тајна (фото)

Сопругата на српскиот тенисер изгледа беспрекорно, а еве која е нејзината тајна (фото)

Модната дизајнерка, Билјана Типсаревиќ, сопругата на славниот српски тенисер  Јанко Типсаревиќ, најмногу е позната по нејзината совршена фигура и извајано тело.

Типсаревиќ во втората бременост се здебелила 30 килограми. А еве што исфрлила од исхраната и како изгледа нејзиниот план за оброци.

Билјана, меѓу другото, која е позната и по својата совршена фигура, еднаш призна дека и таа, како и сите жени, имала проблеми со килограмите.

Имено, таа за време на втората бременост се здебелила 30 килограми, па во еден момент намалила и решила да ослабе.

Која е нејзината тајна, таа во една прилика им откри на тамошните медиуми.

– Се придржавам до еден нутриционистички план, морав да се откажам од работите што навистина ги сакам. Се откажав од моите тајни задоволства заради витката линија, а мојот сладок грев се пецивата и лебните работи – изјавила таа и признала дека ги исфрлила јаглехидратите од исхраната и со тоа линијата ја доведе до совршенство.

Нејзиниот план за исхрана и оброци е прилично едноставен, а како и за се, потребна е ментална волја за да сѐ успее.

– Имам појадок, ужина, ручек и вечера. Со тоа што често ја прескокнувам вечерата или не јадам после 18 часот, освен ако не одам во ресторан со сопругот, пријателите или на некоја прослава. Пијам многу сокови за детоксикација и вода и исклучително внимавам што јадам, па се трудам воопшто да не консумирам шеќер – изјавила Билјана.

Фото: Принтскрин/Приватна архива

To top