На почетокот на март, беше ограбен семејниот дом на директорот на Гранд, Саша Поповиќ. Крадците го ограбија сефот во кој се наоѓал накит вреден околу 100 000 евра. Досега никој од членовите на семејството не сакаше да даде изјава, а сега за првпат се огласи и сопругата на Поповиќ, Сузана Јовановиќ.
„Тогаш немаше никој дома. Се враќав од снимање на емисија и прва ги видов расфраланите работи. Можев да се сретнам со крадците. Прва ги видов знаците и знаев дека нешто не е во ред. Во ходникот сфатив дека влегле крадци, вели пејачката и додава:
„На почетокот ми беше многу тешко, кој сака такви работи? Бидејќи сум силна личност, не можат да ми го земат најдрагото. Тоа се мојот сопруг и моите деца, искрено вели пејачката.
фото: Драгана Удовикиќ
Медиумите пренесуваа дека тогаш Сузана викнала полиција и им кажала дека во сефот имало ланчиња од бело и жолто злато, осум или девет дукати. Исто така, се шпекулираше дека ги огрбил и близок пријател на Саша Поповиќ.
„Никој не кажа такво нешто. Никој не може да знае. Полицијата работи на случајот и се надевам дека еден ден ќе ги откријат крадците на сите кражби кои се случија на „Бежаниска коса“, изјави Јовановиќ.
фото: Драган Кадиќ
По кражабата, Поповиќ соопшти дека во сефот немало ниту документи, ниту пари. А неколку дена по инцидентот полицијата го пронашла сефот на игралиште во близина на домот на Поповиќ.