Радио Милева Целото семејство заедно

Сопругата на Петар Грашо со прво јавно појавување по породувањето и тоа во друштво на мајка си (фото)

Сопругата на Петар Грашо со прво јавно појавување по породувањето и тоа во друштво на мајка си (фото)

Сопругата на музичарот Петар Грашо се породи на 17-ти јули и на свет донесе преслатко девојче кое се вика Алба, а изгледот на Хана Хуљиќ само два месеци по породувањето е фасцинантен. Имено, Хана за прв пат се појави во јавноста откако е во најубавата женска улога, пред неколку дена присуствуваше на церемонијата на доделување на европските награди за филмска музика „Camille Awards“, која се одржа во Сплит.

Хана на настанот дојде со членовите на семејството – мајката Вјекослава, таткото Тончи и братот Иван, а бидејќи Хуљиќи ретко се појавува заедно во јавноста, многумина беа изненадени.

Целото внимание, го украде сопругата на Петар Грашо, која блесна во портокалова модна комбинација, а изгледот на Хана Хуљиќ изненади бидејќи линијата ја доведе до совршенство. Фустанот кој го избра одлично и прилегаше, а сите погледи беа вперени во убавата сплиќанка, додека нејзините препознатливи локни и многу дискретната шминка ја истакнаа нејзината природна убавина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @showbizz_fotke

Ништо помалку елегантна не беше ниту мајката на Хана, која важи за жена со одличен вкус за мода, а за оваа прилика облече тесен црн фустан, кој го искомбинира со писмо чанта и бисерен накит, додека машкиот дел од семејството го спои совршено со дамите во елегантни одела од потемни нијанси.

За потсетување, Тончи Хуљиќ неодамна проговори за својата внука.

– Како дедо се трудам секој слободен момент да одам таму и да гледам како е се по разгалена, слатка а нема ни еден месец – изјави тогаш Тончи во интервју за ТВ Лаудато и емисијата „Нова бене“.

фото:Инстаграм принтскрин

To top